За нас

Ви нудиме пријатен престој, одмор, забава и релаксација преку целата година.

Добредојдовте во Хотел Сириус Spa & Wellness 4+ superior хотел




...

Најдоброто место за Вас

Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.

116

Соби

7

Апартмани

45

Еднокреветни соби

56

Двокреветни соби

5

Трокреветни соби

3

За лица со специјални потреби

Сите соби се опремени со:

Кабловска телевизија

Директна телефонска линија

Безжичен интернет

Мини   Бар

Фен за коса

Централен систем за ладење и греење

На гостите им е достапен бесплатен приватен паркинг, перална и собна услуга. Хотелските соби имаат тераси со спектакуларен поглед на прекрасно уредениот парк околу хотелот.

Хотел Сириус располага и со Spa & Wellness Центар на површина од 1500 м2. Овој мал рај во кој ќе заборавите на сите грижи и ќе си го посветите заслуженото време, ги нуди следниве содржини:

• затворен базен    • џакузи    • парна бања     • турска бања    • солена бања    • финска сауна    • инфраред сауна    • фитнес    • 6 соби за масажа    • 2 соби за луксузни ритуали и третмани

За организирање на Вашите бизнис средби, конгреси, семинари и други настани хотел Сириус на своите гости им ги нуди:

Бизнис клуб со капацитет до 40 лица

Конференциска сала со капацитет до 250 лица

Салите за состаноци се целосно опремени со најсофистицирана техничка опрема.

За организирање на Вашите свечености, Сириус нуди:

Организација на екскурзии до најпознатите туристички места во околината, традиционална македонска вечер со македонска кујна, жива музика и фолклорни играорни групи

Обезбедува квалитетна услуга во топла и гостопримлива средина на своите гости им гарантира комфорен и пријатен престој.