Сириус**** Superior

Хотел Сириус - Струмица е лоциран во југо-источниот регион на Македонија, во мирна средина на 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град, Скопје, 30 км од македонско-грчката граница и на само 20 км од македонско-бугарската граница.

 

За сместување на гостите хотел Сириус располага со 116 соби:

• 7 апартмани,

• 45 еднокреверни соби,

• 56 двокреветни соби,

• 5 трокреветни соби

• 3 соби за лица со посебни потреби

 

Сите соби се опремени со:

• кабловска телевизија

• директна телефонска линија

• безжичен интернет

• мини бар

• фен

• централен систем за ладење и греење.

На гостите им е достапен бесплатен приватен паркинг, перална и собна услуга. Хотелските соби имаат тераси со спектакуларен поглед на прекрасно уредениот парк околу хотелот.

Во летниот период на гостите им стои на располагање отворен базен.

 

Хотел Сириус располага и со Спа&Велнес Центар на површина од 1500 м2. Овој мал рај во кој ќе заборавите на сите грижи и ќе си го посветите заслуженото време, ги нуди следниве содржини:

• затворен базен

• џакузи

• парна и турска бања

• солена бања

• инфрацрвена и финска сауна

• фитнес и теретана

• 6 соби за масажи

• 2 соби за луксузни ритуали и третмани.

 

За организирање на Вашите бизнис средби, конгреси, семинари и други настани хотел Сириус на своите гости им ги нуди:  

• Бизнис клуб со капацитет до 40 лица

• Конгресна сала со капацитет до 250 лица.

Салите за состаноци се целосно опремени со најсофистицирана техничка опрема.

 

За организирање на Вашите свечености, Сириус располага со:

• Ресторан со капацитет до 300 стола

• Кристална сала со капацитет до 550 стола.

 

Хотел Сириус организира екскурзии до најпознатите туристички места во околината, традиционална македонска вечер со македонска кујна, жива музика и фолклорни играорни групи.

Хотел Сириус обезбедувајќи квалитетна услуга во топла и гостопримлива средина на своите гости им гарантира комфорен и пријатен престој.