page_image

Пакети

 

Пакет за хидратација – Хармони (60 мин.)

Отсранете го стресот и тензијата на секојдневниот живот и уживајте во хармонијата и релаксацијата со пакување од морски алги и витамини со кој вашата кожа ќе има интензивна и долготрајна хидратација. (Приватно џакузи, пилинг, масажа и пакување со алги)  

 

Третман со кал 100%

Антистрес пакет со кал и сол 2 природна од Мртвото Море наменет за сите оние кои сакаат да се ослободат од стресот, тензијата и болката во згобовите и мускулите. Овој пакет ви овозможува рехидрирана, реминерализирана и сјајна кожа, а телото добива нов бран на позитивна енергија. (Парна бања, кал и сол пилинг маска, релакс масажа)

 



 

Ориентален пакет (90 мин.)

Турско триење со нежна ракавица која го чисти целото тело. Комбинација на пакување со микронизирани алги за цело тело и масажа со ароматични масла за релаксација или детоксикација. (Бања, пакување со алги, масажа)

 

Златна Терапија Сириус (150 мин.)

Совршена терапија за целосна ментална и физичка релаксација која вклучува пилинг со алги, пакување на цело тело со кал и есенсијални масла за релаксација, масажа со луксузно, златно масло и третман за лице со микронизирани алги за длабинско чистење на кожата.

 

 

Романса во рајот – пакет за парови (120 мин.)

Поминете квалитетно време заедно или славејќи ја посебната прилика во приватно ароматизирано џакузи, со органски пилинг, ароматераписка масажа за двајцата и третман на лице за двајцата)

 

 

Луксузен пакет за двајца (120 мин.)

Уживајте во нашата посебна понуда за парови и споделете го задоволството во приватно ароматизирано џакузи со шампањ и овошна салата, релакс масажа за двајца, 60 мин третман на лице за девојката и масажа на лице за мажот)

 

Тајната на Клеопатра (100 мин.)

Tајната на Клеопатра Ориентален пилинг на топли кревети, Клеопатра масажа со луксузно масло и бања со скапоцено млеко.

 






 

Пакет мама, тато и јас (120 мин.)

(Топло џакузи со морски алги за целото семејство, чоколадно масло за мама, чоко-минт масажа за тато и чоколаден путер за дете).

 

Пакет Мед и Млеко (120 мин.)

(Џакузи со млечна купка, пилинг на цело тело со шеќер, релакс масажа, мед и млеко маска за лице)

 

Невестински пакет (120 мин.)

Со цел да го намалите стресот и тензијата околу големиот ден, овој пакет ви нуди комплетна нега на цело тело. (Топло пакување со есенцијални масла за релаксација, ароматераписка масажа и третман на лице за интензивна хидратација)

 

Третман за трудници (70 мин.)

Разгалете се себеси и добијте уште поблескав изглед. Болките ќе исчезнат оставајќи ве релаксирани и подготвени за најважниот ден од Вашиот живот. (Органски пилинг, масажа на глава или рефлексо-терапија на стопала, ТАЛГО третман за лице со микронизирани алги)

 

Пакет за ексфолијација (90 мин.)

Пилинг и едночасовна масажа на цело тело.

 

Талгоминс третман против целулит (90 мин.)

Овој третман ефективно го намалува целулитот и го прочистува и обликува телото веднаш после првиот третман. (Пилинг на цело тело, антицелулитна масажа, обвивка за третирање на мек или цврст целулит, нанесување антицелулитна крема и спреј)