Уметноста на Масажата                          Правила за користење на СПА услугите.pdf

 

Масажата е еден од најстарите исцелителни уметности. Кинески записи кои датираат од пред 3000 години ја документираат нејзината употреба уште од многу одамна античките Хиндуси, Персијците и Египќаните применувале форми на масажа за многу заболувања.

Масажата како вистинска уметност денес царува низ целиот свет како составен и неизбежен дел на секој СПА центар. Спа центарот на СИРИУС освен масажа нуди широка палета на други услуги со цел постигнување благосостојба на телото и умот.

Со самото влегување во нашиот центар зачекорувате со сосема нова димензија, нешто што ќе ве остави без здив и нешто што ќе го посакувате секогаш кога ќе почувствувате и најмал замор, па дури и тогаш кога се чувствувате прекрасно со цел вашето чувство да продолжи да трае.

Приказната од рајот на СИРИУС ја надополнува ексклузивниот и врвен француски бренд ТАЛГО. Создаден од убавините на морските длабочини преточени во неповторливи производи на база на алги и природни супстанци со кои резултатите се очигледни.

Талго ја поседува формулата за убавина и благосостојба на вашето лице и тело преку специфични ритуали на третмани кои се применуваат само во елитни и квалитетни салони за убавина и спа центри.

 

...Нурнете се во светот на убавината и релаксацијата. Нурнете се во светот на СИРИУС!

Затворен базен

image

Затворен базен

Џакузи

image

Џакузи

Солено Џакузи

image

Солено Џакузи

Турска и Парна Бања

image

Турска и Парна Бања

Инфрацрвена сауна

image

Инфрацрвена сауна

Финска сауна

image

Финска сауна

Фитнес сала

image

Фитнес сала

Масажа

image

Масажа

Витамински бар

image

Витамински бар

Отворен Базен

image

Отворен Базен